
Тренерот на Лајпциг, Џеси Марш, и голманот и капитен на тимот, Петер Гулачи се позитивни на тестот за Ковид-19 и не отпатуваат со тимот за натпреварот против Клуб Бриж од Лигата на шампионите, соопшти клубот.
Отсуството на Гулачи се надоврзува на тоа на напаѓачот Јусуф Поулсен и шпанскиот репрезентативец Дани Олмо, кои имаат повреди и нема да се вратат на теренот пред јануари.
Интересно е дека целиот тим и стручниот штаб на Лајпциг се вакцинирани или веќе го имаат прележано коронавирусот.
„Џеси Марш веднаш е изолиран, а Гулачи на брз тест има позитивен резултат, но се уште чека резултатот од ПЦР – тест. Нашиот капитен ќе остане во Лајпциг“, уверуваат од клубот.
Со тимот нема да патува ниту помошниот тренер Марко Курт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
