
Барселона има големи амбиции со Чави Хернандез на клупата. Тој добил ветување од претседателот Хоан Лапорта дека ќе добие неколку засилувања веќе во зимскиот преоден рок иако клубот се наоѓа во очајна финансиска ситуација. Но, фановите на „Камп Ноу“ бараат победи и моќен тим.
На Чави му е потребен фудбалер кој ќе може да игра како десно крило и централен напаѓач, а прва цел беше Рахим Стерлинг. Сепак, се чини дека тој е прескап, па сега во преден план се алтернативите од Челси, Хаким Зијеч и Тимо Вернер.
Зијеч е десно крило, се прослави на таа позиција во Ајакс и дојде во Челси, но кај Томас Тухел е главно резерва. Тимо Вернер не е класично крило, меѓутоа е брз и не му е туѓо да игра на било која позиција во нападот. Вернер би можел да дојде и на позајмица, исто како и Зијеч, но се чека одговорот на Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Интернационалци
Арменд Алими по 20 години се врати во Башкими

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
