Фудбалерите на Пари Сен Жермен денеска пристигнуваат во Манчестер на дуел со Сити, но фокусот е на Маурисио Покетино и градскиот ривал – Јунајтед.
Со доаѓањето на Покетинo во Јунајтед денеска се занимаваат англиските медиуми кои истакнуваат дека Аргентинецот е подготвен веднаш да се пресели на „Театарот на соништата“ и дека дал сигнал управата да тргне во офанзива.
Ништо не го спречува Манчестер Јунајтед сега да го направи тоа, клаузулата за негово итно доаѓање од Париз е 10 милиони фунти, што не е ништо ако се земе предвид дека тимот „гори“ и дека е неопходен нов тренер што поскоро. И големиот Алекс Фергусон даде големо „да“ за неговото доаѓање, па Покетино ги има сите позитивни гласови во клубот.
Покетино во Пари Сен Жермен е во лоши односи со директорот Леонардо, а не му се допаѓа што медиумите постојано го „менуваат“ и покрај тоа што е убедлив лидер во Лига 1, го победи Манчестер Сити дома и е на чекор од пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите. Покетино сака стабилност во клубот и тимот, а ниту еден тренер во Париз го немаше тоа во последните години.
Аргентинецот исто така сака да оди во Англија, бидејќи неговото семејство се уште живее во Лондон, додека тој е во Париз речиси една година.
И ПСЖ е подготвен да реагира, катарското семејство веќе стапило во контакт со претставниците на Зинедин Зидан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal