
Аргентинскиот стратег Маурисио Покетино е прв пик на Манчестер Јунајтед за наследникот на Оле Гунар Солскјер на клупата на „црвените ѓаволи“. Тој во моментот го предводи Пари Сен Жермен, но медиумите на Островот наведуваат дека не е премногу среќен на „Паркот на принцовите“, иако има на располагање „дрим – тим“.
Сепак, предизвикот да се врати во Премиер – лигата е голем кај Покетино и тоа би можело да се случи и во текот на сезоната, а многу поверојатно по нејзиното завршување.
Засега нема кристална одлука и дали Мајк Карик ќе остане да го води тимот во наредниот период, а некои шпекулации дури велат и дека Кристијано Роналдо би можел да ја извршува улогата и на играч и на менаџер.
Покетино е под голем притисок во ПСЖ, раководството од него очекува титула во Лигата на шампионите, а неговото семејство и понатаму живее во Лондон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
