
Напаѓачот на Баерн Минхен и репрезентативец на Полска, Роберт Левандовски, е прогласен за најдобар фудбалер за 2021 година во изборот на италијанскиот медиум „Тутоспорт“. Тој втора година по ред ја освојува наградата.
Второрангиран според гласањето е фудбалерот од средниот ред на Челси и репрезентативец на Италија, Жоргињо, додека Лионел Меси заврши на третото место.
Во гласањето учествуваа поранешни фудбалери, меѓу кои Павел Недвед, Андриј Шевченко, Лотар Матеус, Христо Стоичков, Самуел Ето, Алесандро Костакурта, Руи Коста…
„Тутоспорт“ ги одреди победниците во другите категории. Наградата за голема кариера овојпат оди во рацете на Карл – Хајнц Румениге.
За клупски менаџер на годината е прогласена директорката на Челси, Марина Грановскаја, најдобар претседател е Оливие Летанг од Лил, е најдобар агент Федерико Пасторело.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
