Connect with us

Затоа е Специјален: Мурињо го одржа зборот и му купи патики на младиот голгетер (ВИДЕО)

Рома синоќа ја победи Џенова на гости со 0-2 и скокна на петтото место на табелата. Херој на римјаните беше 18-годишниот Феликс Афена-Џан кој доби шанса од Жозе Мурињо во 74. минута.


Младиот интернационалец од Гана погоди во 82. минута по убавата асистенција на Мхитарјан, а во судиското продолжение со фантастичен удар од 25 метри ја потврди победата на Рома.

Мурињо по натпреварот изјави дека му ветил на младиот напаѓач дека ќе му купи патики од 800 евра кои многу му се допаѓаат и веќе денеска Португалецот го одржа ветувањето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови