Шпанскиот репрезентативец Педри е добитник на 19. издание на наградата „Златно момче“ кое ја добива млад фудбалер што покажал најмногу минатата сезона во Европа. Италијанскиот весник „Тутоспорт“ објави дека фудбалерот на Барселона добил 26 гласа од вкупно 40 новинари кои гласале во овој избор и освоил вкупно 318 поени. На втората позиција, но со далеку помал број поени е Џуд Белингам, англиски репрезентативец и член на Борусија Дортмунд.
„Му благодарам на „Тутспорт“ за ова признание кој ме прави исклучително горд, а исто така им благодарам на сите членови на жирито и на навивачите кои секогаш ме поддржуваа во неверојатната 2021 година за мене. Секако, благодарам и на Барселона, на шпанската репрезентација, на моето семејство, на моите пријатели и на сите оние кои ми беа блиски од ден на ден. Без нив не би можел да ја добијам наградата „Златно момче“, изјави Педри.
Тој ќе ја подигне наградата на церемонијата во Торино на 13 декември, а ја наследува од Ерлинг Халанд кој беше добитник во 2020 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













