Германскиот бундеслигаш Лајпциг се соочува со проблеми поради коронавирусот и ќе мора да игра натпревари зад затворени врати, без присуство на гледачи. Тоа ќе биде случај во Бундес – лигата, но и во клучниот меч против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Соочена со ескалација на бројот заразени со коронавирус, германската сојузна покраина Саксонија забрани присуство на навивачи на спортските терени до 12 декември, како дел од широк спектар на претпазливи мерки.
Саксонија во германски рамки е на дното според процентот на вакцинација на локалното население со приближно 60 отсто вакцинирани, а во оваа покраина инциденцијата на коронавирус во моментов е највисока со 584 случаи на 100.000 жители во последните седум денови.
Поради новите ограничувања, бундеслигашот Лајпциг следните два првенствени натпревари, против Баер Леверкузен и Борусија Менхенгладбах, ќе ги игра без поддршка на своите навивачи, а зад затворени врати ќе го пречека и Манчестер Сити во клучниот натпревар во Лигата на шампиони на 7 декември.
Раководството на Лајпциг остро ја критикуваше локалната извршна власт поради тоа што дозволила ескалација на состојбата со коронавирусот.
„Највисокото ниво на зараза споредено со сите други германски покраини и најнискиот процент на вакцинација, покажуваат дека власта во Саксонија досега не беше во состојба да осмисли добар план за спречување на пандемијата“, соопшти бундеслигашот Лајпциг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













