
Норвежанецот Оле Гунар Солскјер доцна синоќа доби отказ од тренерската позиција во Манчестер јунајтед. Дебаклот што тимот го доживеа на гостувањето кај Вотфорд (4-1) беше пресуден момент за разделбата. Тој по три и пол години работа на „Олд Трафорд“ ќе мора да си замине, а како утеха ќе добие отштета од дури 7,5 милиони фунти.
Пет часа воделе дискусија челниците на Манчестер Јунајтед околу разделбата со Солскјер и на крајот е одлучено дека мора да замине затоа што резултатите во последниот период беа очајни. „Ѓаволите“ на послендите седум натпревари забележаа дури пет порази.
Како најсериозен кандидат за негов наследник се споменува Зинедин Зидан. То успеа да освои три титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, а повторно би се соединил во ист тим и со Кристијано Роналдо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski