Францускиот стратег Зинедин Зидан е најсериозниот кандидат за нов менаџер на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Тој би се обединил повторно со Кристијано Роналдо, а би го имал на располагање и Пол Погба, кој му остана неостварена желба додека беше тренер на Реал Мадрид.
Зидан освои три европски круни со „кралевите“, а во моментот е без ангажман. Тој подолг период се споменуваше како можен наследник на Солскјер. Од синоќа менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед е слободна и раководството на клубот ќе отпочне конкретни преговори за ангажман на Французинот.
Најголемата дилема за Зидан е тоа што не го познава доволно добро англискиот јазик, а и неговата сопруга многу повеќе го сака животот во Мадрид. Сепак, се очекува тој сериозно да ја разгледа понудата на „црвените ѓаволи“.
Втора опција за клупата на Манчестер Јунајтед е Брендан Роџерс, актуелниот менаџер на Лестер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













