Францускиот интернационалец Пол Погба ќе отсуствува многу долго од фудбалските терени. Последните лекарски предвидувања велат дека играчот за врска на Манчестер Јунајтед ќе мора да паузира три месеци поради повредата на бутниот мускул.
Тој се повреди за време на репрезентативната пауза откако на еден тренинг на Франција доби силна болка во мускулот. Ги пропушти и последните мечеви за Франција.
Погба последниот натпревар за Манчестер Јунајтред го одигра против Ливерпул, кога влезе во второто полувреме и заработи црвен картон за грубиот старт над Наби Кеита. Тој доби три натпревари суспензија од Премиер – лигата, но очигледно дека ќе го нема многу подолго на терените.
Синоќа Манчестер Јунајтед му даде отказ на менаџерот Оле Гунар Солскјер поради слабите резултати на тимот во изминатиот период.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













