
Ливерпул стигна до седмата победа во Премиер – лигата оваа сезона откако во дербито на колото на „Енфилд Роуд“ го совлада Арсенал со 4-0. Тимот на Јирген Клоп доминираше, посебно во вториот дел кога и комплетно го надигра ривалот.
Во првиот дел имаше и жестока пресметка меѓу менаџерите Јирген Клоп и Микел Артета, а се чини дека четвртиот судија спречи и физички судир.
Садио Мане во 39.минута со удар со глава го совлада Арон Рамздејл, а во вториот дел следеа и головите на Диого Жота, Мохамед Салах и на Такуми Минамино.
Ливерпул повторно е на четири бода негатива до лидерот Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
