Манчестер Јунајтед доживеа нов пораз во Премиер – лигата откако загуби на гости против Вотфорд со 4-1. Можеби ова е ќе значи и крај за Оле Гунар Солскјер на кормилото на „црвените ѓаволи“.
Де Хеа на стартот двапати му одбрани пенал на Исмаила Сар, но Џошуа Кинг и токму Исмаила Сар донесоа предност за Вотфорд од 2-0 по првиот дел. Дони ван де Бек влезе на стартот на второто полувреме и постигна гол за Јунајтед, но Хари Мегваер беше исклучен во 69.минута. Во финишот, Жоао Педро и Емануел Денис се погрижија Манчестер Јунајтед да си замине со четири гола во мрежата.
Стивен Џерард со победа (2-0) над Брајтон дебитираше како менаџер во Премиер – лигата. Оли Воткинс и Тајрон Мингс беа стрелци на головите за тимот офд Бирмингем.
Њукасл ремизираше против Брентфорд (3-3), а идентично заврши и дуелот меѓу Барнли и Кристал Палас. Вулверхемптон го совлада Вест Хем со 1-0, со голот на Раул Хименез.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













