
Сезоната за дефанзивецот на Вест Хем, Анџело Огбона, е завршена, откако тој ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено. Ова го потврди менаџерот Дејвид Мојс и е огромен удар за Вест Хем кој одлично ја стартуваше сезоната во Премиер – лигата.
Италијанскиот дефанзивец Анџело Огбона се наметна како неприкосновен лидер во одбраната на „чеканите“, а сега ќе мора да оди на долга пауза. Го очекува оперативен зафат и рехабилитација од околу девет месеци.
„Гледавме колку му беше потребно на Вирџил ван Дајк да се опорави. Така што веројатно би рекол дека Анџело тешко ќе може да игра повторно оваа сезона”, изјави менаџерот на Вест Хем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
