
Шпанската ѕвезда Серхио Рамос конечно се опорави од повредата што го мачеше долг период и ќе биде дел од тимот на ПСЖ на утрешниот меч против Нант на „Паркот на принцовите“. Дефанзивецот дојде од Реал Мадрид како слободен агент во текот на летото, но се уште нема дебитирано во дресот на „светците“.
Рамос долго време се опоравуваше од повредата, а сега конечно е доволно подготвен за да може да настапи. Последниот збор сепак ќе го има тренерот Маурисио Покетино. Тој го повика Серхио Рамос на поширокиот список на фудбалери за утрешниот меч, а допрва ќе реши дали тој ќе добие одредена минутажа или пак ќе остане на клупата за резерви.
ПСЖ е лидер на табелата во францускиот шампионат, додека Нант се наоѓа на десеттото место.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
