
Германскиот репрезентативец Томас Милер во 2015 година имал договорен трансфер во Манчестер Јунајтед. Се било договорено и Милер требаше да заработува 20 милиони евра по сезона. Ова го откри поранешниот тренер на Јунајтед, Луј ван Гал кој изјави дека Јунајтед веќе бил подготвен да го пречека Милер на аеродром, но тогаш неговата сопруга Лиза се замешала и трансферот пропаднал во последен момент.
Лиза не сакаше да се пресели од Минхен, но мислеше и дека толку многу пари би биле опасни за Милер како и за секој фудбалер. Стравот бил дека парите може да му удрат во глава што би можело да влијае на неговиот брак и на семејството.
„Во Минхен живееме убаво и хармонично. Иако е фудбалска ѕвезда, се трудиме да живееме што е можно помирно. Понудите какви што имаше од Манчестер Јунајтед ги ставија на тест бракот и довербата, а денес врската меѓу партнерите е поважна од се и нема пари што можат да ги заменат“, смета Лиза.
Томас Милер на тој начин остана во Баерн Минхен каде викендов ќе го одигра 600. меч, а неговата сопруга Лиза со која е во брак од 2009 година долги години се занимава со коњички спортови.
Напаѓачот на Баерн Минхен одигра и 110 натпревари за германската репрезентација и постигна 42 гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
