
Фудбалската репрезентација на Македонија го оствари најголемиот успех досега во едни квалификации за СП, успеа да се пласира во баражот и се наоѓа на две чекори од мундијалот во Катар. Капитенот Стефан Ристовски го анализира големиот резултат во квалификациите со ’ладна глава’.
„Македонија никогаш досега не била во ситуација да се бори за европски и светски првенства. Во групите во кои игравме обично освојувавме шест до седум поени. Но, во последно време сè се промени. Имаме профил на играчи кои сакаат да напредуваат, кои сакаат големи работи, постигнување големи цели. Успеавме да се пласираме на ЕП, а еве сега сме во финалето на борбата за Светското првенство во Катар. Јас сум многу среќен поради тоа. Имаме квалитет, секој заслужува ваков успех. Беше прекрасно на стадионот, ретко може да се види вакво единство на нашите македонски простори како што се виде на последниот меч со Исланд“, вели Ристовски.
Тој вели дека е оптимист пред баражот, верувајќи дека Македонија може да се пласира во Катар.
„Ги имаме уште тие два натпревари… Мислам дека е можно да одиме во Катар, сите веруваме во тоа. Има еден проблем, поради жолти картони нема да може да игра Елмас. Но, ќе ни се врати Аријан Адеми, кој ни значи многу. Само да бидеме живи и здрави до баражот, можно е после ЕП да се пласираме и на СП“, заврши Ристовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Баерн Минхен би сакал да го купи Родриго

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ
