Големото дерби на јуижномакериканските квалификации за СП 2022 во Катар меѓу Аргентина и Бразил заврши без голови. Но, со овој бод Аргентина и математички го осигура пласманот на мундијалот. Ќе биде тоа петто учество за Лионел Меси на најголемиот турнир и обид конечно да се закити и со светска титула.
Пред почетокот на мечот, фудбалерите на Аргентина истакнаа банер со кој му искажаа поддршка на Серхио Агуеро чија кариера во моментов е неизвесна поради здравствени проблеми.
Бразил настапи без Нејмар, а беа поблиску до триумф со оглед на дирекот на Фред.
Колумбија и Парагвај исто така одиграа без голови, Чиле дома загуби од Еквадор со 0-2, Боливија беше убедлива против Уругвај (3-0).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













