
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година загуби минимално (0-1) од Франција на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Стрелец на единствениот погодок на мечот беше фудбалерот на Милан, Пјер Калулу, во 75.минута од средбата.
Селекторот Драган Канатларовски вели дека противникот не дозволи Македонија да влезе во надигрување, а можеби можеше и да се избегне поразот ако не беше индивидуалната грешка во 75.минута.
„Оваа репрезентација на Франција отскокнува со квалитет во нашата група. Мора да им се честита, иако лично мислам дека можеби и можевме да издржиме и да се одбраниме доколку не беше индивидуалната грешка во одбраната во 75.минута. Примивме несреќен гол иако мора да се признае дека Французите доминираа во поле. Ќе се обидеме да селектираме уште некои фудбалери во наредниот период, потенцијал има, но голема болка е што поголем дел од фудбалерите не играат во своите клубови“, изјави селекторот Драган Канатларовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
