
Бразил ќе биде значително ослабен на утрешниот дерби дуел против Аргентина во јужноамериканските квалификации за СП. Ѕвездата на „кариоките“ се жали на болки во мускулот и најверојатно ќе биде поштеден на овој меч. Бразил е првопласиран на табелата и веќе обезбеди пласман на Светското првенство.
Аргентина ќе го пречека Бразил во Сан Хуан, а селекторот Скалони најави дека Лионел Меси комплетно се опоравил од повредата на мускулот и дека ќе добие шанса да заигра. Неговиот клуб Пари Сен Жермен жестоко реагираше откако Меси доби мала минутажа и на претходниот меч со Уругвај на гости, а тој претходно не играше два натпревари за „светците“ во првенството.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
