Connect with us

Нејмар: За малку ќе останев неподвижен

Бразилецот Нејмар во новиот документарен филм на „“ДАЗН“ откри дека Светското првенство во Катар речиси сигурно ќе биде неговото последно и дека не е сигурен дали има уште доволно ментална сила да се справува со повредите во фудбалот. Тој се присети на еден од најтешките моменти во неговата кариера. Во четвртфиналето на Светското првенство 2014 година, тој беше тешко повреден од Колумбиецот Хуан Ѕунига.


„Тоа беше еден од најлошите моменти во мојата кариера. Го уништи мојот сон да играм полуфинале и финале на Светското првенство. Кога го повредив грбот, Марсело се обиде да ми помогне да станам, тој се обиде да ми ги помести нозете, но јас не можев да правам ништо. Немав сила да станам. Реков, луѓе, не можам, не чувствувам ништо и потоа ме однесоа во клиника“, се потсети Нејмар.

Само два сантиметри го делеле Нејмар од трагедија, да остане неподвижен.

„Се сеќавам во амбулантата на стадионот мојата нога беше свиткана и лекарите ја истегнуваа. Не можев да ги мрднам нозете и почнав очајно да плачам. Ме однесоа во клиника, а докторот ми рече…Имам две вести, една добра и една лоша. Реков, прво лошата. Тој ми рече „Нема повеќе да играш на Светското првенство“. Додека плачев, го прашав што е тогаш добрата вест. Тој ми одговори дека ако ме удреле два сантиметри подолу, не би можел да одам веќе никогаш во животот. Почнав да плачам затоа што морав да го напуштам Светското првенство и затоа што бев повреден“, открива Нејмар.

Без својот најдобар играч, Бразил не успеа многу. Во полуфиналето доживеа катастрофа и незаборавен пораз од 7-1 од Германија која стана светски шампион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови