Легендарниот бразилски фудбалер Пеле ќе го продолжи процесот на лекување со хемотерапија, откако во четвртокот вечер беше отпуштен од болницата во Сао Паоло по отстранувањето тумор од дебелото црево.
„Едсон Арантес до Насименто е отпуштен од болницата. Неговата здравствена состојба е стабилна и ќе прима хемотерапија по отстранувањето на туморот на 4 септември, соопшти болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.
Наодот од биопсијата на туморот сè уште не е објавен.
Пеле денеска се огласи преку социјалните мрежи, објавувајќи фотографии со сопругата и лекарскиот тим.
„Среќен сум што си одам дома. Ви благодарам на сите, кои ми го разубавивте животот со вашите пораки“, напиша на Инстаграм легендарниот Пеле, кој на 23 октомври ќе наполни 81 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?
Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Кенан Јилдиз
Евро-фудбал
Баерн и Сити во трка за дефанзивец на Феенорд













