Connect with us

Пеле излегува од болница

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле ќе ја напушти болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло и ќе го продолжи закрепнувањето во својот дом, објави неговата ќерка Кели Насименто.


Пеле беше опериран на почетокот на септември и му беше отстранет тумор на дебелото црево. Туморот е откриен за време на рутински медицински преглед. После тоа, тој мораше да биде на интензивна нега некое време, бидејќи имаше проблеми со дишењето.

Легендарниот фудбалер во последните години има многу здравствени проблеми, а во 2019 година беше хоспитализиран поради воспаление на уринарниот тракт. Пеле на 23 октомври треба да го прослави својот 81. роденден.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови