Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез заминува во Катар и ќе биде нов играч на Ал Рајан. Одличниот играч за врска ќе потпише со катарскиот клуб соработка за следните три сезони. Но, се надева дека тоа ќе му послужи само како мост за приклучување кон ПСЖ пред истекот на овој договор.
Ал Рајан од клупата го предводи прославениот француски фудбалер Лоран Блан.
Хамес Родригез не одигра ниту минута за Евертон повеќе од четири месеци, а доаѓањето на Рафаел Бенитез на клупата на англискиот клуб дефинитивно ги затвори сите врати за него. Тој не беше воопшто во тимот за натпреварот против Астон Вила минатиот викенд, а Бенитез го оправда неговото отсуство поради наводни проблеми со мускулите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?
Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Кенан Јилдиз
Евро-фудбал
Баерн и Сити во трка за дефанзивец на Феенорд













