Женската фудбалска А репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје ги продолжува квалификациите за СП. Во пресметката со Англија, Наташа Андонова и другарките не можеа да сторат ништо повеќе со оглед на квалитетот на домаќинот, но можеби денешниот меч со Австрија е можност да се оствари многу подобар резултат.
„Австрија не е на рамниште со квалитетот како Англија и сметам дека шансата за освојување на бодови треба да ја бараме на овој меч. Секогаш се обидувам да гледам реално на работите, така и овојпат. Мислам дека не треба да очекуваме некакво чудо во овие квалификации, треба само да продолжиме напорно да работиме и да ги слушаме советите од нашиот селектор. Објективен проблем претставува фактот што во овој состав на Македонија има фудбалерки претежно од домашното првенство кои немаат големо маѓународно искуство за разлика од другите селекции“, вели Наташа Андонова.
Австријките на првиот квалификациски меч од овој циклус остварија убедлива победа (1-8) против Летонија на гости.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?
Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Кенан Јилдиз
Евро-фудбал
Баерн и Сити во трка за дефанзивец на Феенорд













