
ПСЖ го победи Лион со 2-1 во дербито на шестото коло од француската Лига 1 и го одржа стопроцентниот ефект во шампионатот. Но, се чини дека се извлече пред Лион. Лукас Пакета ги доведе гостите во водство, а Нејмар од пенал и Мауро Икарди во последните мигови од мечот донесоа пресврт и победа за ПСЖ.
По натпреварот, најмногу се зборуваше за Меси и за Покетино, но, на прес -конференцијата, Питер Бош го коментираше пеналот досуден за Нејмар по фаулот на Мало Густо. Тренерот на Лион верува дека немало прекршок од неговиот играч.
„Нејмар е виновен, го влечеше Мало Густо и ја стави раката на неговиот грб. Сигурен сум дека не е пенал. Разбирам дека судијата можеби не може да го види во моментот кога се случи, но како е можно ВАР да не го гледа ниту тоа?“, праша Питер Бош.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
