
Македонија и Романија играат без голови по првото полувреме на арената „Тодор Проески“ во шестото коло од квалификациите за СП 2022. Селекцијата на Благоја Милевски е многу подобра, создаде и неколку можности, но реализацијата не е на завидно ниво.
Елиф Елмас ја имаше најубавата можност во 27.минута, кога се ослободи од двајца противнички фудбалери во шеснаесетникот, шутираше, но директно во добро поставениот Флорин Ница.
Се обидоа и Алиоски, Барди и Милан Ристовски, но нивните шутеви завршија над голот на Романија.
Романците се заканија еднаш, во 31.минута кога Никола Станчиу шутираше откосо од левата страна, но Столе Димитриевски добро интервенираше и исфрли во корнер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
