
Најдобриот фудбалер на Македонија на 20. век и поранешната „Златна копачка на Европа“, Дарко Панчев, секогаш е интересен за странските новинари кога доаѓаат во нашата земја. Тој во интервју за „gsp.ro“ истакна дека очекува неизвесен натпревар, со оглед дека Македонија и Романија имаат слични квалитети. Вели дека силата на македонскиот национален тим сега е во средниот ред.
„Ќе биде тоа непредвидлив натпревар. И двете репрезентации имаат слични квалитети, можеби и подеднакви шанси за победа. И во двете селекции сега нема играч кој самиот би можел да го одлучи мечот. Предноста на Македонија е во средниот ред, посебно би се осврнал на Барди, Елмас и Алиоски, со оглед дека Адеми е повреден“, изјави македонската фудбалска легенда.
Македонија ја пречекува Романија вечерва (20.45 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје во шестото коло од квалификациите за СП 2022.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
