
Стрелецот на победничкиот гол за Романија на првиот меч во Букурешт, офанзивецот на Глазгов Ренџерс, Јанис Хаџи, не допатува со националниот тим во Скопје. Тој е позитивен на Ковид-19 и мораше да остане во главниот град на Романија во изолација.
Ова е само дополнителна главоболка за селекторот на Романија, Мирел Радои, кој не може да смета и на Разван Марин, Александру Чичалдау, Дорин Ротариу и на Драгош Неделку, затоа што имале блиски контакти со Јанис Хаџи.
„Не ми се верува како е можно. Треба да останеме силни и да мислиме позитивно, но јасно е дека ова е удар за нас. Ќе морам да менувам и околу тренингот, дел од фудбалерите не се со нас“, изјави селекторот на Романија, Мирел Радои.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
