Connect with us

Радои: Македонија го смени селекторот, го смени системот на игра, сега се е поинаку

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) ќе ја пречека Романија во последниот меч од септемвриската квалификациска сесија за СП 2022. По двете ремија во низа, Македонија се надева на триумф, а Романците пак посакуваат и трета победа по ред.

Селекторот Мирел Радои вели дека ништо нема да биде исто во однос на првиот дуел во Букурешт што Романија го доби со 3-2.

„Македонија го смени селекторот, го смени и системот на игра и сега се ќе биде многу поинаку. Велат и дека сега играат подобро. Мислам дека многу поголема слобода во играта сега имаат Барди и Елмас и на нив сигурно ќе внимаваме. Новиот селектор преферира тимска игра, но ние сме максимално подготвени и дојдовме за да оствариме позитивен резултат“, изјави романскиот селектор Мирел Радои.

Капитенот на романската репрезентација, Влад Кирикеш, е сигурен дека Македонија е сега послаба без Горан Пандев во тимот и верува во успехот на својата селекција.

„Македонија е квалитетен тим, иако е јасно дека без Пандев сигурно го немаат истиот квалитет. Но, ние сме подготвени иако имаме одредени проблеми со Ковид-19. Сепак, сите што ќе истрчаат верувам дека ќе го дадат максимумот за да оствариме триумф“, изјави Влад Кирикеш на пресот во Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови