
Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони, беше многу разочаран по скандалозниот прекин на квалификацискиот натпревар против Бразил. Здравствените власти упаднаа на теренот само неколку минути од почетокот на натпреварот со тенденција да депортираат четворица гостински играчи кои настапуваат во Премиер – лигата бидејќи не го минале задолжителниот 14 -дневен карантин.
„Многу сум разочаран и тажен. Не барам виновник за сето ова, но мислам дека не беше вистинското време да се направи такво нешто. Немам зборови, упаднаа луѓе на теренот и го прекинаа започаниот натпревар. Делегатот на КОНМЕБОЛ едноставно ни рече да се вратиме во соблекувалната и дека нема да има фудбал“, објасни Лионел Скалони, за случувањата во Бразил.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
