Connect with us

Што се случуваше синоќа пред скандалозниот прекин на дербито Бразил – Аргентина…

Наместо магијата на Нејмар и на Лионел Меси на дербито меѓу Бразил и Аргентина во јужноамериканските квалификации за СП 2022, синоќа се случи тоа што никој не го посакуваше. На скандалозен начин беше прекинат мечот уште десеттата минута поради кршење на здравствените протоколи за Ковид-19.


Имено, четворица гостински играчи дојдоа од Велика Британија и не отидоа во задолжителниот 14-дневен карантин, туку се најдоа на стадионот. Тоа се Емилијано Буендија (Астон Вила), Емилијано Мартинез (Астон Вила), Кристијано Ромеро (Тотенхем) и Џовани Ло Селсо (Тотенхем).

Беа поставени многу прашања зошто бразилските власти чекаа да започне натпреварот, а потоа да реагираат, зошто се не беше решено порано? Како не можеа да проверат каде се фудбалерите кои играат за два клуба од Премиер – лигата и слично… Се појавија некои одговори, кои треба да разјаснат што точно се случило пред натпреварот.

„Прво и основно, на четворицата играчи не им беше дозволен влез во Бразил доколку биле во Англија во претходните две недели. Анвиса, која е дел од бразилското Министерство за здравство, односно тело задолжено за протоколите поради коронавирусот, беше информирана за тоа “, објаснуваат бразилските власти.

Луѓето од Анвиса потоа отидоа во хотелот за да ги депортираат четворицата играчи од Премиер – лигата, но задоцнија, тие веќе заминаа на стадионот.

Се водеа преговори за да им се даде посебна дозвола на четворицата, и сите го прифатија тоа, освен Анвиса. Меѓутоа, на пат до стадионот, тие заглавиле во голем сообраќаен метеж и не пристигнале пред натпреварот. Луѓето од таа организација потоа ја поништија одлуката донесена од КОНМЕБОЛ и бразилската фудбалска федерација во врска со натпреварот.

Претставниците на Анвиса и федералната полиција дојдоа крај аут-линијата и разговараа со претставниците на Аргентинската фудбалска асоцијација. По дискусијата со нив, тие одлучија да влезат на теренот и да го прекинат натпреварот, а фудбалерите заминаа во соблекувалната.

Сепак, прашањето што Лионел Меси им го постави на бразилските власти не беше одговорено. Зошто чекаа три дена за да реагираат?

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови