
Нова, јубилејна 30. сезона во македонскиот шампионат, а Првата лига за првпат ќе биде осиромашена, без присуството на најтрофејниот македонски клуб Вардар. Ќе ги нема ривалствата на вардарци против Шкендија, Шкупи, Пелистер…Не е сеедно, но сите мора да се навикнуваат на новата реалност. А во елитата ќе го нема ниту Силекс, исто така клуб со шампионски трофеи и голема традиција.
Шкендија ја брани шампионската титула. Речиси истиот тим кој го освои пехарот ќе се обиде и да го одбрани, но со нов стратег на клупата. По очајните резултати на тетовскиот клуб во Европа ова лето, Ернест Ѓока замина од клупата на Шкендија, а се врати Бруно Акраповиќ. Велат, тој малку ќе ги „затегне“ ѕвездите на Шкендија кои премногу се олабавиле со Ѓока во последниот период.
Шкупи има нов проект, со нов сопственик кој го ангажираше Гоце Седлоски за тренер, а тој побара, слично како и во минатото во Вардар, да му биде донесена дузина нови фудбалери. Да се ослабат останатите, но пред се да се засили тимот за Шкупи во трката за шампионскиот трофеј. Не кријат на Чаир дека го посакуваат пехарот и ќе се сторат се за да го „грабнат“ од Тетово и да го донесат во своите витрини.
Работнички е секогаш тука, со амбиции за Европа, а исти планови имаат и Македонија ЃП, Струга Трим Лум и Академија Пандев. Брегалница влегува во елитното друштво со голем оптимизам и ќе се обиде да се вмеша, барем според најавите од Штип, во трката за излез на меѓународна сцена. Сепак, ќе мора прво да ја издржи трансформацијата, не е исто да се победува во Втората и во Првата лига.
Ренова делува мирно, Ќатип Османи се надева дека тимот ќе игра многу подобро отколку минатата сезона кога мораше на „поправен“, преку бараж да обезбедува опстанок.
Тиквеш и Скопје исто така се во еуфорија, се враќаат во елитата, а Пелистер имаше многу маки ова лето со финансиите, но се чини дека навреме успеа да се исправи на нозе и во од ќе мора да работи за да не заостанува зад останатите прволигаши.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо се враќа во Португалија?

Евро-фудбал
Џејдон Санчо во Јуве, тоа е веќе завршена работа

Евро-фудбал
Милан му нуди нов договор на Рафаел Леао

Евро-фудбал
Рашфорд доаѓа на позајмица во Барселона

Евро-фудбал
Лукас Васкез доаѓа во Јувентус?

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по потписот на Александер Исак

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
