
Македонскиот вицепрвак Шкупи вечерва (22 часот) во Понта Делгада на Азорските острови ќе го игра реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА против португалскиот претставник Санта Клара. Тимот на Гоце Седлоски беше убедливо надигран (0-3) на првиот меч во Скопје, па прашање е сега што може Шкупи да стори на реваншот.
Секој натпревар е нова приказна и фудбалерите на Шкупи сигурно максимално ќе се потрудат да стигнат до позитивен резултат. Тоа е нивна обврска, секој успех во Европа е вреден, без разлика дали ќе значи и пласман во следното коло од европското натпреварување.
Шкупи синоќа стигна доцна во Понта Делгада и не тренираше на стадионот „Сан Мигуел“. Сепак, има доволно време за да се аклиматизира и да се подготви за важниот европски меч.
Натпреварот меѓу Санта Клара и Шкупи е закажан за 22 часот по македонско време, а ќе го суди Роб Хенеси од Ирска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
