Холандскиот репрезентативец Џорџинио Вајналдум ќе биде нов фудбалер на Барселона. Тој ги договори условите со раководството на каталонскиот тим и ќе потпише договор до јуни 2024 година. Вајналдум доаѓа како слободен агент од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул.
Вајналдум имаше опција да се пресели и во Баерн Минхен, но на состанокот со претседателот Хоан Лапорта истакнал дека негова најголема желба е да настапува во дресот на Барселона на „Камп Ноу“. Тој е второто засилување за Барселона ова лето откако каталонскиот гигант ги договори условите и со Серхио Агуеро, досегашниот напаѓач на Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













