Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, зборуваше за создавањето на Конференциската лига. Во ова новоформирано натпреварување ќе учествуваат и македонските клубови, Шкупи, Струга Трим Лум и Силекс.
„Сакаме да ги направиме нашите турнири инклузивни – да им дадеме на повеќе клубови и навивачи можност да сонуваат и да се борат за европски трофеи. Затоа ја создадовме Конференциската лига. УЕФА има 55 национални асоцијации и важно е да им се даде шанса на клубовите да го продолжат својот настап во Европа што е можно подолго“, изјави Чеферин.
Конференциската лига на Европа е трето по квалитет клупско фудбалско континентално натпреварување, по елитната Лига на шампиони и Лигата на Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal