
Навивачите на Јувентус го прогласија португалскиот ас Кристијано Роналдо за најдобар играч во тимот во сезоната што измина. Во сезоната 2020/21 во Серија А, 36-годишниот фудбалер одигра 33 натпревари, постигна 29 гола и стана најдобар стрелец во италијанскиот шампионат.
Дефанзивецот Хуан Куадрадо е избран за најдобар играч на Јувентус во мај, откако овој месец одигра пет натпревари во Серија А, постигнувајќи два гола.
Јувентус заврши четврти на табелата и избори место во Лигата на шампионите. Кристијано Роналдо изненадувачки остана на клупата за резерви на синоќешниот меч против Болоња (1-4).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
