
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез потврди дека ќе остане во клубот и следната сезона.
„Сигурен сум дека ќе останам во Мадрид. Атлетико ме прими одлично од првиот момент. Овде добро се однесуваа кон мене. Прашав дали има место во музејот на клубот каде ќе овековечат дека создаваме историја со Атлетико“, изјави Уругваецот.
Атлетико викендов ја освои шампионската титула во Ла Лига, а еден од најзаслужните за трофејот е токму Луис Суарез кој пред сезоната од Барселона дојде во Мадрид.
Триесет и четиригодишниот Суарез има постигнато 21 гол на 32 натпревари во Ла Лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
