
Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, е најдобар стрелец во сезоната во Европа. Полскиот интернационалец за првпат ја освои „Златната копачка“, постигнувајќи 41 гол на 29 натпревари во Бундес – лигата. Тој го урна и рекордот на легендарниот Герд Милер кој пред 49 години во Бундес – лигата постигна 40 гола во една сезона.
Левандовски во трката за европски голгетер ги победи Лионел Меси од Барселона (30 гола на 35 натпревари во Ла Лига) и Кристијано Роналдо од Јувентус (29 голови на 33 натпревари во Серија А).
На крајот на минатата сезона, наградата му припадна на Чиро Имобиле од Лацио (36 гола во Серија А).
Рекордер по бројот на освоени награди е Лионел Меси, кој шестпати ја доби „Златната копачка“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
