
Лил е нов шампион на Франција. По десет години пауза, Лил повторно освојува шампионска титула откако оваа сезона сензационално победи со еден бод предност во трката со фаворизираниот Пари Сен Жермен. Лил ја заврши сезоната со 83 бода, а ПСЖ освои 82. Во квалификациите за ЛШ оди и Монако со 78 бода, а извиси Лион откако дома загуби од Ница со 2-3.
Лил го совлада Анже на гости со 1-2. Џонатан Дејвид во десеттата минута донесе водство за Лил, а Бурак Јилмаз го удвои од пенал во 45.минута. Анже постигна почесен гол во Анџело Фулџини во 91.минута.
ПСЖ оствари пирова победа (0-2) на гости против Брест. Роман Фавр во 37.минута си постигна автогол, а Килијан Мбапе беше стрелец на вториот гол во 47.минута. Нејмар промаши пенал во 19.минута.
Монако ремизираше без голови против Ленс за освојување на третото место, а Лион пропушти шанса да го загрози и да влезе во ЛШ откако загуби со 2-3 од Ница на домашен терен. Лион водеше со 2-1 по првиот дел со двата гола на Екамби, но Ница во второто полувреме ги шокираше домашните фудбалери со головите на Камара и на Салиба.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
