
Елиф Елмас и Наполи нема да играат во Лигата на шампионите следната сезона. Иако „наполитанците“ сами имаа можност да решаваат за судбината, одиграа очаен меч и ремизираа (1-1) против Верона на стадионот „Диего Марадона“. Тоа го искористија Милан и Јувентус кои со победи се пласираа во елитата.
Амир Рахмани во 60.минута донесе водство за Наполи, но Давиде Фараони израмни по грешката на Хисај во 69.минута. Наполи ќе игра во Лигата на Европа.
Заедно со Интер и со Аталанта, во Лигата на шампионите ќе игра и Милан, кој ја совлада Аталанта на гости со 0-2. Франк Кеси од пенал донесе водство кон крајот на првиот дел, а истото го повтори и во судиското продолжение, уште еден пенал за 0-2.
Јувентус без Кристијано Роналдо славеше со 1-4 против Болоња. Киеза отвори во осмата минута, Мората зголеми на 0-2, а до крајот на првиот дел погоди и Рабио. Во второто полувреме Мората уште еднаш се запиша во листата на стрелците, а Оросолини постигна почесен гол за Болоња.
Специја и Рома ремизираа 2-2, Торино и Беневенто одиграа 1-1, а Сасуоло го совлада Лацио со 2-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
