
Пари Сен Жермен се бори за титулата во Франција, во пресрет на последното коло има бод заостанување зад Лил, но и во таква ситуација главна тема е дали Килијан Мбапе ќе остане на „Паркот на принцовите“ и следната сезона.
Одличниот француски напаѓач е сè уште член на ПСЖ, и иако веќе е „преселен“ во Реал Мадрид од медиумите, последните информации велат дека тој сепак би можел да го продолжи договорот со францускиот клуб, но само на краток рок, односно на една година или две.
Наводно, парите не се проблем, односно Мбапе има џентлеменски договор со ПСЖ според кој ќе потпише нов договор доколку клубот на 1 август покаже дека е подготвен да направи тим што ќе атакува на сите трофеи во наредните години.
Доколку тоа не се случи, ПСЖ ќе го продаде Мбапе на Реал Мадрид, кој веројатно ќе биде многу активен во овој летен преоден рок.
Според француските медиуми, Мбапе отфрлил четири понуди од ПСЖ за продолжување на соработката.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
