Поранешниот најдобар фудбалер на светот и член на „галактикосите“ на Реал Мадрид, Роналдо Луис Назарио да Лима, им нуди на фудбалерите на Валјадолид поединечна премија од 150.000 евра за победа против лидерот Атлетико Мадрид во последното коло од ла Лига на дуелот од последното коло во Ла Лига кое се игра утре.
Роналдо е сопственик на Валјадолид кој се бори за опстанок и потребен му е триумф над Атлетико Мадрид за да се обиде да остане во елитното друштво.
Бразилецот играше за Реал Мадрид од 2002 до 2007 година, а ако Валјадолид триумфира ќе му го отвори патот на „кралскиот клуб“ да стигне до титулата ако успее да го победи Вилјареал на домашен терен.
Атлетико има 83 бода, Реал Мадрид два бода помалку, но подобар меѓусебен скор со Атлетико и во случај ако лидерот не победи, тогаш триумф на „кралевите“ им носи титула.
Валјадолид е на претпоследната позиција со 31 бод, два помалку од Елче и од Хуеска и потребно му е двете екипи да не победат, па со триумф над Атлетико Мадрид да обезбеди опстанок во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













