Легендарниот Џанлуиџи Буфон нема намера да ја заврши кариерата, а најнова опција за негов нов тим е Монца, клубот на Силвио Берлускони. Иако Монца беше елиминиран во баражот за Серија А, целиот проект досега ги чинеше Берлускони и Галијани околу 20 милиони евра и немаат намера да се откажат.
После Балотели и Боатенг, тие го сакаат Буфон и наводно Адријано Галијани веќе стапил во контакт со голманот кој го напушта Јувентус. Во летниот преоден рок и еден од најталентираните македонски фудбалери, Лука Станковски, и официјално ќе стане нов член на Монца, па тој би можел да се обедини со Џанлуиџи Буфон во тимот на Монца.
И тоа не е сè, Кристијан Броки, човекот од доверба на Берлускони, најверојатно ќе ја загуби тренерската позиција. Адријано Галијани преговара на негово место да дојде Филипо Инзаги, кој досега го предводеше Беневенто.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова
Втора лига
Брегалница и Детонит ремизираа без голови













