Англискиот премиерлигаш Тотенхем е на крстопат бидејќи капитенот Хари Кејн најавува можно заминување од лондонскиот клуб ова лето. Напаѓачот сака да потпише за клуб со кој ќе се бори за трофеи, а Тотенхем добро би го наплатил неговото заминување. Во игра се Манчестер Сити, Челси и Манчестер Јунајтед, а доколку Хари Кејн и дефинитивно замине, тогаш тоа ќе отвори простор за останување на Герет Бејл.
Велшанецот дојде на едногодишна позајмица и по завршувањето на сезоната во Премиер – лигата треба да се врати во Реал Мадрид, но ако замине Хари Кејн, тогаш Тотенхем ќе биде финансиски многу помоќен за да може да го издржи товарот што го носи огромната плата на Герет Бејл.
Тотенхем е во потрага и по нов менаџер, откако пред неколку кола се раздели со Жозе Мурињо, а тимот до крајот на сезоната го предводи тренерот на младинскиот тим, Рајан Мејсон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













