Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев можеби и нема да замине во пензија на крајот од оваа сезона, односно по настапот на Европското првенство со нашиот национален тим. И селекторот Игор Ангеловски, а и тренерот на Џенова, Давиде Балардини, истакнаа неколкупати дека Пандев е се уште е и тоа како „гранде“ на теренот за да замине во пензија.
Раководството на Џенова исто така го сака во тимот и следната сезона, а влијателниот италијански весник „Газета дело спорт“ тврди дека преговорите се интензивирале во изминатите неколку дена.
Горан Пандев игра фантастично и во дресот на Македонија и во дресот на Џенова и сигурно дека би било одлично доколку реши да ја продолжи кариерата и во следната сезона. Најверојатно одлуката ќе ја донесе по завршувањето на ЕП заедно со семејството.
„Ова беше година исполнета со многу емоции, и за мене и за Џенова како клуб. Опстанок, 100 постигнати голови во Серија А, 150 настапи во дресот на овој клуб. Би сакал да сум заедно со вас, фанови на Џенова во овој момент, да мoжам да го прославам да го споделам со вас. И ја посакувам сета среќа на Џенова во иднина, а сега е време за Европското првенство во дресот на Македонија. Напред Џенова, и се надевам дека во најскоро време ќе имам можност да ве поздравам сите на стадион“, напиша Горан Пандев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Интернационалци
Давид Тошевски со дебитантски гол за Дендер во Белгија (ВИДЕО)













