Од следната сезона, најталентираните фудбалерки во Холандија ќе можат да играат во машки тимови на највисоко ниво на аматерско фудбалско натпреварување.
Според холандските медиуми, а потврдено од Куќата на фудбалот во Холандија, оваа одлука може да биде историски момент за аматерскиот фудбал во „земјата на лалињата“, но и низ целиот свет, со оглед дека досега „мешаните“ машки и женски екипи беа дозволени само во помлади возрасни категории.
„Ова е модерно време, и во согласност со тоа, не гледаме причина да се држиме до застарените правила. Направивме истражување што ја потврди нашата претпоставка и сите се залагаме за различноста, но исто така и за родовата еднаквост. Наша желба е да им го понудиме на девојките и на жените местото во фудбалот што го заслужуваат со нивниот квалитет и амбиција“, изјави Јан Дирк ван де Зи, шеф на Здружението на аматерски фудбалски клубови во Холандија.
Експеримент со жени во машки тим веќе е испробан во Холандија оваа сезона, Елен Фокема, 19-годишна фудбалерка, играше за локалниот машки тим Форут во четвртата лига, но шампионатот беше прекинат поради коронавирус по само седум кола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Евро-фудбал
Барса го загуби и Педри за неколку недели
Евро-фудбал
Прв гостински триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













