
Јувентус не е заинтересиран само за голмаот на Милан, Џанлуиџи Донарума, туку и за неговиот постар брат и резерва, Антонио Донарума. Како што тврдат италијанските медиуми, “бјанконерите” сакаат да направат трик-потез со цел да го привлечат Џиџо во Торино, па така му нудат простор за постојана игра на Антонио Донарума за составот до 23 години, и покрај фактот што летово ќе полни 31 година.
Голема е веројатноста постариот брат да си замина од “Сан Сиро” како слободен агент во следниот трансфер период и се верува дека навистина може да стане конкретна цел на “старата дама”. Тековните контакти со Џиџо, исто така, би можеле да зависат од овој трансфер.
Според правилата на Примавера, на тимовите им е дозволено најмногу четири “повозрасни” фудбалери, за еден од нив нема старосна граница, а останатите тројца мора да бидат под 20 години. Како резултат на ова, Антонио Донарума може да се приклучи на младинскиот тим на Јуве и ќе му биде дозволено да игра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
