Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, верува дека неговите фудбалери се подготвени за вечерашниот реванш меч против Челси во полуфиналето на Лигата на шампионите. „Кралевите“ допатуваа во Лондон со резултат 1-1 од првиот меч кој се одигра на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид и ќе мора да одиграат офанзивно доколку сакаат да се пласираат во големото финале каде чека Манчестер Сити.
„Среќни сме бидејќи стигнавме на чекор до финалето. Сега овој чекор е најтежок, дуелот со Челси има иста тежина како и финалето во кое сакаме да се пласираме. Капитенот Рамос е со нас, но, ќе видиме дали ќе игра, нема да ризикуваме непотребно затоа што се бориме и за титулата во Ла Лига“, изјави Зидан.
Се очекува Еден Азар повторно да добие шанса во нападот. Тој се враќа на „Стемфорд бриџ“ каде претходно имаше фантастични сезони во дресот на Челси.
Реванш натпреварот меѓу Челси и Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите се игра вечерва од 21 часот на „Стемфорд бриџ“ во Лондон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













