Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по елиминацијата на Пари Сен Жермен и пласманот во финалето на Лигата на шампионите истакна дека е горд што заедно со фудбалерите испишале нова страница во клупската историја.
„Ова е прво финале во ЛШ за нашиот клуб и многу сум горд поради тоа. Сакам да ги пофалам и фудбалерите кои вечерва не играа, но дадоа полн придонес за овој тим. Сите тие заслужија да бидат во екипата“, изјави Гвардиола.
„Сега е време да славиме. Потоа мораме да ја потврдиме титулата во Премиер – лигата и тогаш ќе имаме три седмици да се подготвиме за финалето во ЛШ“, дополни стратегот на Сити.
Англискиот премиерлигаш обезбеди премиерно финале во елитното клупско натпреварување откако синоќа го совлада ПСЖ со 2-0 на „Итихад“ потврдувајќи го првичниот успех во Париз кога славеше со 1-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













